Екипата Прилеп ја прекина серијата порази во Супер лигата на Македонија, со вечерашниот триумф од 37:22 врз Радовиш. Ова се смета како победа на гости, иако се одигра во прилепската сала од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. На полувремето беше 19:9. Тимот Прилеп есента ја завршува со 14 бода, преку 6 победи, 2 нерешени меча и 8 порази. Следи одмор до 9 февруари, кога е дуелот Прилеп – Бутел.
Други резултати: Вардар – Бутел 43:22, Алкалоид – Тиквеш 35:26, Охрид – Струга 42:25, Пролет – Еурофарм Пелистер 23:37, Куманово – Бисинов 32:25.
Табела: Алкалоид 30, Еурофарм Пелистер и Вардар 28, Охрид 25, Бутел и Тиквеш 16, Пролет и Прилеп 14, Куманово 8, Струга и Бисинов 6, Радовиш 1.