Во Скопје се одржа Европско првенство во три дисциплини – рапид, блиц и Фишеров шах, на кое учествуваа и прилепски шахисти. Напорно, исцрпувачко, но некако се издржа.
Во рапид беа 398 шахисти од 38 држави. Конкуренцијата силна, со 64 велемајстори и 47 интермајстори. По одиграните 11 кола, од прилепчаните со пласман се издвојуваат ВМ Звонко Станојоски (125. место), ФМ Роберт Велески (149. место) и двајцата со по 6 поени, како и кадетот Никола Павлески (209. место) со 5,5 поени. Победник е ВМ Владимир Федосеев (Словенија) со 9,5 поени.
Во блиц учествуваа 368 шахисти од 38 држави. Според титулите, фаворити се сметаа 61 велемајстор и 44 интермајстори. Овде се одиграа 13 кола. На конечната табела – ВМ Роберт Велески е на 154. место со 7 поени, ВМ Звонко Станојоски на 163. место со 6,5 поени. Победник е ВМ Џорден ван Форест (Холандија) со 11 поени.
Во Фишеров шах беа 142 шахисти од 33 држави. Со титулата велемајстор беа 47, а интермајстори 24. Се одиграа 11 кола. На крајната табела – ФМ Роберт Велески е на 72. место со 5 поени, а ВМ Звонко Станојоски на 91. место со 4,5. Победник е ВМ Владимир Федосеев (Словенија) со 10,5 поени.