Изминаа повеќе од триесет дена во исчекување на епилогот во врска со завршницата од преговорите помеѓу Победа и турска компанија заинтересирана за влез во клубот од Прилеп. Според најновите информации, од утре натаму претстојат четири дена во кои е можно да се добие одлуката. Што ќе биде конечно никој не може да претпостави, но битно е дека надежта за поволна разврска постои.
Од Победа и најавата за првиот собир на Стручниот штаб со фудбалерите. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе се случи в понеделник. Тогаш се очекува присуство на над 30 првотимци, бидејќи есеноска во Втората лига на располагање беа толкумина, а извесно дека ќе има и приклучување на нови. Единствениот кој најави заминување во друг клуб е капитенот, голманот Антонио Столевски.
И почетокот на преодниот рок се ближи – 15 јануари.
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403