Има измена – наместо в сабота на 19 април, претстојното 25. коло од Втората фудбалска лига на Македонија е в понеделник на 21 април од 16 часот. Ова е термин и за дуелот во Прилеп, Победа – Саса. За овој меч е интересно што привлекува интерес поради очекувањето за нови три бода за домашниот тим, по освоениот бод на гостувањето во Новаци. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во тој празничен, втор ден Велигден, се очекуваат повеќе гледачи отколку на претходните мечеви.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП и Башкими 53, Арсими 51, Брегалница 48, Детонит 36, Беласица и Охрид 35, Скопје 34, Кожуф и Саса 32, Вардар Н. 27, Новаци 25, Победа 24, Осогово 18, Борец 13, Вардарски 11.