За секој познат голем фудбалер неизбежно е прашањето можеше ли да постигне уште повеќе. Ова важи и за Тони Наумоски, играч кој во кариерата остави печат во повеќе клубови, како Пелистер, Македонија Асиба, се разбира и во матичниот – прилепска Победа. Според него, згрешил што во годините кога бил кадет не ја прифатил понудата од белградски Партизан, повеќекратниот шампион на некогашна Југославија. За ова и за други детали од играчката кариера, за кариерата како тренер, за некогашниот и сегашниот фудбал, како и за величината на починатиот Николче Здравески, со кого беше мошне близок со децении, Тони Наумоски зборува во емисијата „Спортски журнал“ на Радио Пела.
Видеото со разговорот е подолу