Ракомет

ПРИЛЕП СЕ ДОБЛИЖИ ДО ВТОРОТО МЕСТО

Екипата на Прилеп успеа со 28:25 да го совлада Радовиш во 5. коло од плеј-аутот на Супер лигата.  Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ домашните ја имаа иницијативата и водството во текот на целиот меч. На полувреме избраниците на Горан Кузманоски – Таста беа на плус два (13:11), во продолжение зголемија на недостижни осум разлика. Ова е втора победа во серија, по претходната во Струга, така што прилепскиот тим се доближи до второто место од табелата, кое гарантира суперлигашки опстанок. Прв е Пролет со 17, втора Струга со 10, трет Прилеп со 9, четврто Скопје со 4, петти Радовиш со 3.

Во идното коло, на 28 април, се дуелите Радовиш – Пролет и Скопје – Струга, а на 1 мај Струга – Пролет и Прилеп – Скопје.

Од категоријата

РЕЗУЛТАТ КАКО ПРЕД ДЕЦЕНИИ

Зоран Иге

ПРВПАТ ПРЕД ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА

Зоран Иге

УПРАВАТА ОДЛУЧИ: БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ЗА ПРИЛЕП – ВАРДАР!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе