Попладнево во 17 часот се натпреварите од 17. коло на Третата фудбалска лига – Југ. Има пет меча: Возарци – Питу Гули, Бучин – Ново Црнилиште, Вардар – Младост, Превалец – Обршани и Росоман – Марена. Не се игра само натпреварот во Прилеп, Динамо – Големо Коњари, одложен за следната среда поради денешниот пријателски меч во Скопје, Шкупи – Големо Коњари.
На табелата води неготински Вардар со 38 бода, пред Превалец со 35.