Стрелаштво

ЕДНИ ВРЕВАТ ДОДЕКА ДРУГИ ГАЃААТ!

Во Охрид се одржа Вториот куп во стрелаштво со воздушно оружје, меѓународна програма. Со воздушна пушка кај мажите меѓу 23 стрелци победи Мартин Ангелески (Херој Прилеп) со 612,1 круг, пред Драгослав Кудрановиќ (Стрелец, Скопје) со 605, Бојан Спасеновски (Лихнидос, Охрид) со 604,8. Кај жените, меѓу 22 учеснички најдобра е Анастасија Мојсовска (Стрелец, Скопје) со 619,7, пред Ирина Јованоска (Херој Прилеп) со 606,8, Лилјана Илиева (Кавадарци) со 603,4. Со воздушен пиштол кај мажите имаше 18 стрелци и за победникот одлучи само еден круг, па прв е олимпиецот Борјан Бранковски со 563, пред Јордан Тасевски со 562 (двајцата од Стрелец, Скопје) и Александар Јовановски (Работнички, Скопје) со 549. Кај жените, меѓу осум учеснички, убедлива олимпијката Оливера Наковска – Бикова (Работнички, Скопје) со 564, пред Дијана Георгиевска со 550 и Вероника Велковска со 538 (двете од Стрелец, Скопје).

За натпреварот има незадоволство од недисциплината на некои учесници, со односот надвор од прописите, зборувајќи прегласно додека други гаѓаат, така што извесно е дека ќе се преземат мерки за овој проблем бргу да се надмине. Исто така, со оглед на големата разлика во квалитетот на учесниците, се размислува за воведување норма или пласман кои треба да се постигнат на првиот за да се учествува на вториот куп.

Следен голем настан од овој спорт е Интернационалниот турнир „Гран-при Скопје 2022“.

Од категоријата

(фото) ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ СО ДВА МЕДАЛА ОД ДРЖАВНОТО ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

СКОПЈАНИ ГО ЗЕМААТ НАЈДОБРОТО ОД ПРИЛЕП

Зоран Иге

ДРЖАВЕН РЕКОРД НА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ АНГЕЛЕСКИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе