Стрелаштво

(фото) ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ СО ДВА МЕДАЛА ОД ДРЖАВНОТО ВО БИТОЛА!

Во Битола, ,во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија и Општинскиот сојуз на училишен спорт на Битола, во соработка со Стрелачкиот клуб „РЕК Битола“ се одржа Државното првенство во стрелаштво за основни и средни училишта. На натпреварувачите им посакаа успех и им се обратија претставници од ФУСМ, Министерство за спорт и од Локалната самоуправа на Битола.

Во врска со настапите на прилепските претставници, информација добивме за членовите на СК „Стрелец 09“, чиј тренер е Славчо Трајкоски. Тие се освојувачи на два медала со воздушна пушка во конкуренција на врсници од основните училишта  – Димитриј Лазарески е втор, а Стефан Бабовиќ трет.

Клубот „Стрелец 09“ е мошне активен. Претходно зеде учество на турнирот по повод 11 Ноември, денот на ослободувањето на Куманово.

Од категоријата

ДРЖАВЕН РЕКОРД НА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ АНГЕЛЕСКИ!

Зоран Иге

ЕДНИ ВРЕВАТ ДОДЕКА ДРУГИ ГАЃААТ!

Зоран Иге

ЕГИПЕТ: РЕКОРД ЗА МАКЕДОНИЈА ОД ПРИЛЕПЧАНЕЦ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе