Во Каиро, Египет, се одржува Светското првенство во стрелаштво. Во дисциплината воздушна пушка, македонскиот репрезентативец Мартин Ангелески (Херој Прилеп) погоди 617,7 круга што е нов државен сениорски рекорд. Тој го имаше и претходниот рекорд, од 608,8 круга, постигнат пред една година на турнир во Белград.
На Светското во Каиро настапуваат уште двајца – со воздушна пушка Анастасија Мојсовска, со пиштол олимпиецот Борјан Бранковски (двајцата од Стрелец, Скопје). На сите поддршка им е претседателот на Македонската спортска стрелечка федерација, Јордан Тасевски.