Стрелаштво

(ВИДЕО+ФОТО) ОХРИД И ПРИЛЕП ПРЕД КОНКУРЕНТИТЕ!

Во спортското воздушно стрелиште „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа 39. издание на турнирот „Опен 11 Октомври“. Учествуваа 35 домашни стрелци од осум клуба: РЕК Битола и Пелистер (Битола), Лихнидос и Охрид (Охрид), Стрелец (Скопје), Велес, Кавадарци и Херој Прилеп.

Со воздушна пушка најпрецизен беше Бојан Спасеноски (Охрид) со 415,4 круга, пред Ирина Јованоска (Херој Прилеп) со 411, 4 Лилјана Илиева (Кавадарци) со 408,8. Со пиштол Сашо Тодоров (Херој Прилеп) најдобар со 360, пред Вероника Велковска (Стрелец) со 358, Маја Чешелкоска (Херој Прилеп) со 356.  Во двете дисциплини по петмина најобри добија признанија од домаќинот, клубот Херој Прилеп.

На турнирот не учествуваа тројцата репрезентативци – со воздушна пушка Мартин Ангелески (Херој Прилеп) и Анастасија Мојсовска (Стрелец, Скопје), со пиштол олимпиецот Борјан Бранковски (Стрелец, Скопје), кои заедно со претседателот на МССФ Јордан Тасевски.заминаа на Светското првенство во Каиро, Египет.

 

 

 

Од категоријата

ЕДНИ ВРЕВАТ ДОДЕКА ДРУГИ ГАЃААТ!

Зоран Иге

(фото) ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ СО ДВА МЕДАЛА ОД ДРЖАВНОТО ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

ШЕСТМИНА МАКЕДОНЦИ ВО БОРБА ЗА МЕДАЛ ВО САРАЕВО

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе