Од Фудбалскиот клуб Колерајн, претставник на Северна Ирска, ја потврдуваат промената на датумот за првиот меч од 1. коло на Младинската лига на УЕФА против прилепска Победа, шампионот на Македонија, наместо в среда на 21 септември, в среда на 28 септември. Стадионот останува истиот, како и терминот вечерен, под рефлектори од 20,30 часот. Влезниците од по пет фунти кои биле досега купени, се со важност за следниот датум.
Реваншот во Скопје останува за 5 октомври.