Фудбал

ОБНОВЕН КЛУБ ПО 17 МЕСЕЦИ ПАУЗА

Се случи стартот на фудбалската Б-лига на ОФС Прилеп. Во неа учесник е Напредок Крушеани. Овој клуб немаше одиграно натпревар од 18 април 2021 година кога беше член на Третата лига – Југ. Тогаш, на последниот меч, на гости во Обршани одигра 1:1 и првенството се прекина. Напредок беше петти на табелата, а претходно долго време се бореше за врвот. Оттогаш наваму не одигра ниеден првенствен натпревар, не зеде учество во Третата лига – Југ, иако беше вклучен во ждрепката и распоредот. Така се најде во Б-лигата од ОФС Прилеп есенва. Во саботата, во 1. коло со 1:0 (стрелец Самоил Граороски) го совлада Боротино. Мечот е одигран во Обршани.

На другите мечеви од 1. коло: Братство Големо Коњари – Прилеп сити 6:1, Пролетер Прилеп – Пелагонија Пашино Рувци 5:0, а Мажучиште слободно.

Од категоријата

НЕ Е КРАЈ, ИМА УШТЕ 4 МЕЧА НА ГРАДСКИ!

Зоран Иге

ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ: ТРИ ГОСТИНСКИ ПОБЕДИ, НА Г. КОЊАРИ, ВЛАЗНИМИ И УЛТРАС!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ГОЛЕМО КОЊАРИ ДАДЕ СЕДУМ ГОЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе