100 години фудбал во Прилеп

ОКОЛУ 55 ИЛЈАДИ ЕВРА Е РЕКОРДОТ ОД ВЛЕЗНИЦИ

Многупати кога се играло фудбалско дерби во Прилеп, се продавале илјадници влезници. Така било 1970, 1977 и 1978 со Вардар, 1979 со Беласица, 1981 со Пелистер, 1999 со италијанската Перуџа… Но, рекордот на остварен приход е во Скопје, на 14 септември 2000, од мечот со италијанската Парма. Тоа е највисокото достигнување во историјата на Победа, затоа што е од 1. коло на Купот УЕФА, против екипа во која беа светските ѕвезди – голманот Буфон, бекот Турам и стоперот Канаваро. Интересот од цела Македонија беше огромен и без оглед на „солените“ влезници од по 300 денари, беше окупирана големата јужна трибина со 12 илјади гледачи. На северната трибина, каде влезот требаше да е 250 денари, се собраа околу 3000 гледачи. Меѓутоа, за таму подоцна излезе информација дека за мнозинството бил слободен влезот или по минимални 50 денари за поддршка на навивачите.

По слободната проценка на медиумите за максимални 15 илјади присутни, следеше претпоставка за приходот. Ако биле продадени околу 11 илјади билети по 300 денари, тоа се 3.300.000 денари или тогашни 110.000 германски марки (сегашни 55.000 евра). Дека станува збор за толкава сума, се дозна и од тие што на крајот ги броеле парите од преполнетата вреќа. Биле преморени од броењето на над 100 илјади германски марки. Притоа клубот бил пријатно изненаден што при броењето ни денар не недостигал, што луѓето вклучени во продажбата се покажале како најсовесни, најчесни.

Од овој натпревар имаше печалба и од продаден рекламен простор на стадионот на странски и домашни компании, како и од телевизискиот пренос за 12 држави.

Од категоријата

ВО АЛБУМОТ СЛИКЧИЊА И ОД ПРИЛЕПСКИ ФУДБАЛЕРИ

Зоран Иге

ЧЕТА ВОЈНИЦИ, НАВИВАЧИ НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

(фото) СЕМАФОР НА СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе