Иако денеска е вторник, има фудбалски натпревари во државава. На програмата се дуелите од 4. коло на фудбалската женска Прва лига на Македонија. Првите мечеви, точно во 12 часот се во Кочани и Тетово. Во Кочани, домашниот истоимен тим ја пречекува Деспина. Прилепчанките, по поразот дома од Тиверија, имаат шанса за втора есенска победа. Во истиот термин во Тетово шампионот Љуботен игра дома со кумановската Речица. Во попладневните термини се дуелите: во Струга Ас унитед – Шкендија Тетово, во Велес Борец – Истатов Скопје, во Каменица Саса – Кул здравје Скопје, во Струмица Тиверија – Скопје.
На табелата водат Љуботен и Саса со максимални девет бода.