Фудбал

(ФОТО+ВИДЕО) ТРИТЕ ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ ОЧЕКУВАА ПОВЕЌЕ ВО ПРИЛЕП!

На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп во мечот од 11. рунда на фудбалската Првата лига на Македонија, Победа – Академија Пандев 1:1. Близу три илјади гледачи повеќе очекуваа. Тие веруваа дека домашните ќе освојат нови три бода, по минатонеделната сензационална победа од 3:0 врз Силекс во Кратово. Но, денеска само три удари упатија прилепчаните, два покрај и само еден во рамките на голот, кој, всушност, ја затресе гостинската мрежа. Тоа беше убав гол од далечина на Хамза Рамани во 75. минута за израмнување на резултатот на 1:1. Потоа и претходно – ништо. Струмичаните беа сосема рамноправни на теренот и први постигнаа гол во 60. минута преку Кристијан Велиновски, по асистенција од левата страна на Димитар Митровски. Гостите, ако се има предвид дека петпати шутираа, трипати во голот, еднаш ја затресоа мрежата, сосема заслужено имаат бод.

Иако Победа пропушти победа денеска, сепак, ако се смета претходниот успех, 4 бода од двата меча е исполнет план.

КАПИТЕНОТ СЕ ВРАТИ

Капитенот на Победа, Бојан Спиркоски, се врати во тимот по отсуството на претходните два меча поради повреда. Тој попладнево влезе во 65.минута наместо Белгиецот Амасихоху Џејмс. Уште неколкумина заздравени беа во екипата. Од тимот поради повреда отсуствува Филип Тодороски, кој се уште ги чувствува ударите на Ирците од двата меча со Колерајн, во Младинската лига на УЕФА, на кои постигна три гола, на четвртиот беше асистент.

Поради црвен картон не беше Марио Наумоски.

ПОБЕДА (4-3-3): ТофилоскиБошески, Ѓурковиќ, Стомнароски, Хани (65. Галевски) – Рамани, Паноски, Дадет (60. Петејчук) – Мазари, Тодоров, Џејмс (65. Б. Спиркоски). Тренер: Бобан Бабунски.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (4-3-3): Јовановски – Ивановски, Димов, Акоста, Цигарски –Димоски (81. Ѓорѓиевски), Ангелов (71. Трајков), Најденов – Велиновски, Крстевски (71. Томовски), Митровски. Тренер: Александар Васоски. 

ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО: Македонија ЃП – Скопје 2:0, Брегалница – Силекс 2:3, Работнички – Шкендија 2:4, Шкупи – Струга 1:0.

ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ СТАТИСТИКА

3/1 удари/в гол 5/3

3 корнери 1

0 офсајди 4

19 прекршоци 12

4 жолти картони 3

ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ :

 

Од категоријата

ВЕЧЕРВА КОЈ ГУБИ – ОТПАЃА!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ДВЕ ИЗНЕНАДУВАЊА, СО ДЕСЕТ-НУЛА И ЕДЕН-ДВА!

Зоран Иге

НОВ СТРЕЛЕЦ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе