Ракомет

В НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ВИДИ КОЈ Е НАЈВЕРЕН НАВИВАЧ НА РК ПРИЛЕП!

В недела во 18 часот во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ ќе има интересен ракометен меч Прилеп – Струга, од 11. коло на А-групата од машката Супер лига на Македонија. Меѓутоа, безмалку во истиот термин, од 17 часот, на ТВ-екраните ќе има пренос од првиот меч на Светското фудбалско првенство, Катар – Еквадор. Дали да се остане дома за да се гледа настанот што ја обзеде целата планета или да се бодри Прилеп против Струга за прекинување на серијата од три пораза. Сега ќе се види кои се најверните навивачи на Прилеп. Иако Струга е едно место повисоко на табелата и со 6 бода повеќе, домашните ракометари гледаат своја шанса за победа. Основа за надеж е натпреварот пред два месеца во Струга, каде прилепскиот тим испушти можност за триумф, на крајот задоволувајќи се со реми, 25:25. Успех в недела е услов за можна серија, со оглед на тоа што следи гостување кај последниот Вардар во Неготино.

Табела: Вардар 30, Алкалоид 27, Охрид и Бутел по 18, Струга 13, Прилеп 7, Куманово и неготински Вардар по 3.

Од категоријата

ПРИЛЕП Е ГОСТИН НА ФАВОРИТОТ

Зоран Иге

(фото) БОРБЕН ЖОЛТО-ЗЕЛЕН ДУЕЛ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

Еурофарм Пелистер 2 во полуфинале

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе