И денешното 6. коло од машката кошаркарска Трета лига Б-група не донесе ништо ново – Мега баскет со 83:73 го совлада ИБА баскет во Скопје. Петти есенски настап и петта победа на прилепскиот тим. Ова е втор триумф во главниот град, по успехот против Спарта пред три недели. Се појасно е дека Мега баскет не само што е најсериозен кандидат за врвот од табелата од оваа група, туку и кандидат за влез во Втората лига.
РЕЗУЛТАТИ: ИБА баскет – Мега баскет 73:83, Тетекс – Спарта 68:57, Хераклеа – Дибра иглс 75:72, Љуботен – Гостивар 2 74:99. Албес слободен.
СЛЕДНО 7. КОЛО (26 ноември): Мега баскет – Тетекс, Дибра иглс – Љуботен, Спарта – Хераклеа, Албес – ИБА баскет. Гостивар 2 слободен.