Џудо

МЕДАЛИ НОСАТ ОТСЕКАДЕ!

Индивидуалните спортови, за разлика од колективните, даваат можности за освојување медали речиси на секој натпревар, доколку се поседува квалитет. Таквата можност успеваат да ја искористат џудистите на клубот Сеишин од Прилеп. Во Приштина (Косово) се одржа Меѓународен турнир за кадети и сениори, со учество на учесници од Косово, Албанија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Словачка и Македонија.

Сеишин освои 8 медала. Највредниот, златен, е за Теодора Димеска до 48 кај сениоркате. Трите сребра ги освоија Теона Настоска до 48 кг. кај сениорките, Теа Настоска до 44 кг. и Теона Настоска до 48 кг. кај кадетките, а бронзите сениорот Стефан Талески до 90 кг., кадетките  Теа Настоска до 48 кг., Магдалена Најдоска до 52 кг. и Мартина Јанкоска до 78 кг.

Екипата ја предводеше тренерот Мики Чадамов.

Од категоријата

(фото) ТОРБА МЕДАЛИ ЗА ПРИЛЕПЧАНИТЕ!

Зоран Иге

СУДИИТЕ НЕ ДОЗВОЛИЛЕ ПОВЕЌЕ ОД ДВА МЕДАЛА ЗА ПРИЛЕПЧАНИТЕ!

Зоран Иге

СЕДУМ ДРЖАВИ ДЕНЕСКА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе