Астра казино со 2:0 го совлада Пролетер, на првиот меч од десеттиот Хуманитарен турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп, чии покровители се компанијаата „Комфи ангел“ и Општина Прилеп во соработка со Здружението на спортови „Марков град“.
Во салата на ОУ „Добре Јованоски“ овој меч и по првото полувреме го имаше истиот резултат. На вториот натпревар, Влав шпед од Крушево со 4:0 беше подобар тим од Комфи ангел. Овде по првиот дел беше 3:0.
На другите мечеви од сениорската конкуренција, Термити агро багаж – Пекара Џулијано, Скара на кило Кусио – Микросам, Теа Андреа – Декор коло Хајф кафе, Ресторан Хризантема – Армија на РМ. Сениорски екипи се 37 поделени во 8 групи. Вечерва се случи свеченото отворање, со пригоден говор на градоначалникот д-р Борче Јовчески.
Покрај во салата на ОУ „Добре Јованоски“ натпревари во пионерска конкуренција има и во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“