Екипата Прилеп ја оправда улогата фаворит против некогашниот шампион Металург, на денешниот меч од елиминациското коло на Купот на Македонија во ракомет за мажи. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ домашниот тим победи со 36:22. Уште на полувремето беше јасно дека -гол-разликата ќе биде голема, по резултатот 19:12. Седум гола даде Антонио Бурчевски, Христи Бикоски и Синиша Павлов по 6.
Победникот влезе во групната фаза, меѓу 16 тима во 4 групи.