Фудбал

ОВАА ПОБЕДА ТОЛКУ МОЖЕШЕ ВО СТРУГА

Висок пораз од 3:0 доживеа Победа на премиерниот меч оваа сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. На Градскиот стадион во Струга поискусниот домашен тим беше подобар и заслужено победи. Впечаток е дека овој прилепски состав не можеше повеќе, со оглед на доминацијата и шансите кои беа на страната на домаќинот. Во првата постава на Победа беа само двајца нови – Хамза Рамани и Игор Паноски, но за нов може да се смета и Филип Тодороски кој пролетоска настапуваше за младинскиот тим. Другите беа во екипата што го постигна успехот – враќањето во прволигашкото друштво. Што се однесува до новодојдените, во второто полувреме влегоа уште Агон Хани и Христијан Коцев, Ѓорѓи Јованоски и Методија Делов останаа на резервната клупа, додека Србинот Огнен Ѓурковиќ не беше во записникот. Од младинците шанса доби Христијан Поп-Антоски.

Победа мошне скромно се претстави денеска во Струга. Ретки беа акциите пред домашниот гол кој беше опасно загрозен три-четири пати, а од друга страна Струга имаше многу повеќе удари, од кои три прецизни, два на Бесарт Ибраими, еден на Фатјон Јусуфи. Најсветла точка во гостинскиот тим, бездруго, беше голманот Дарко Тофилоски.

Сепак, само прво коло е и има шанси да се поправи впечатокот. Особено домашниот терен и публиката се поттик за прилепските фудбалери. Оттука и надежта дека ќе биде подобро в недела, на мечот со Тиквеш во Прилеп.

УТРЕ УШТЕ ДВА МЕЧА

Од ова коло на Првата лига утре ќе се одиграат уште два натпревара: Силекс – Работнички и Академија Пандев – Брегалница. Одложени се Шкендија – Скопје и Тиквеш – Шкупи. Поради откажувањето на Ренова, Македонија ЃП е слободна.

Од категоријата

В САБОТА ПРВОЛИГАШ ГОСТУВА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПОВОЛНА ЖДРЕПКА ВО УЕФА: ПОБЕДА ОДИ ВО СЕВЕРНА ИРСКА

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИ НАВИВАЧИ КОН СКОПЈЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе