Фудбал

И САЛАТА „МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ БЕШЕ МАЛА, КАМОЛИ УЧИЛИШНАВА

Прилепчаните премногу го сакаат фудбалот, тоа се гледа во посетата на  турнирот во мал фудбал „Свети Никола“. Салата од ОУ „Добре Јованоски“ е преполна со гледачи. Исполнети не се само седиштата, туку и сите патеки, па и сите места за стоење. Вкупно се на се овој објект собира околу  400 луѓе, што е премалку. Кога се во прашање прилепчаните, секоја сала е тесна кога се игра завршницата од малиот фудбал, бидејќи во сеќавање се настаните од пред години и децении во Универзалната и салата „Македонија“.

На вечерашниве натпревари од осминафиналето се постигнаа овие резултати: Скара на кило Кусио – Трисоро 6:1, Зона премиер – Афикс пласт 1:1 (3:1 на пенали), Виталија Ветаџока – Теа Андреа 2:0, Влав шпед – Ана Марија фуд 1:0.

Утре (четврток) програмата почнува од 18 часот со пионерски дуел, а потоа се четирите осминафинални мечеви во сениорската конкуренција.

Од категоријата

(резултати, состави, стрелци) ПЕТ ГОЛА ВО КАМЕНИЦА, НА ДУЕЛОТ САСА – ПОБЕДА!

Зоран Иге

(фото, резултати, состави, стрелци) ИЗНЕНАДУВАЊЕ СО ЕДЕН И ВРЕДЕН ГОЛ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРЕКИН ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе