Во Охрид екипата на Победа го одигра првиот контролен меч во рамките на подготовките за продолжението од првенството на фудбалската Прва лига на Македонија. Прв противник беше екипата на Шкупи, актуелниот шампион, кој дуелот го доби со 4:2 со головите на Марио Младеновски, Валид Хамиди, Гаги Маргбелашвили и Ангелче Тимовски. Стрелци за Победа се Амасихоху Џејмс и Филип Тодороски.
– Со оглед на силниот противник, добро одигравме. Настапивме со две постави, меѓу нив двајца новодојдени. Следниот тест-меч е в недела, со косовскиот Феризај во Дојран – ни рече Благојче Дамевски, шефот на Стручниот штаб на Победа.
За Победа настапија: Тофилоски – Бошески, Ѓурковиќ, Паноски, Хани – Аризанкоски, Алиу, Д. Дебрешлиоски – Тодороски, А. Петејчук, Џејмс. Во вториот дел играа уште: Шемкоски, Мариновски, Варошаноски, Кофилоски, Ѓорчески, Димоски, Миланоски, Л. Петејчук, С. Спиркоски, Ментор, Амо, Амос.