Вечерва се одржа првиот состанок и тренинг на ракометарите од Прилеп, членот на машката Супер лига на Македонија. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ поради оправдано отсуство на шефот на Стручниот штаб Реваз Чантурија, тренингот го водеше асистентот Рубин Лашкоски.
– Играчкиот кадар е истиот од есеноска, со исклучок на пивотот Пеце Ѓорѓиески кој замина за Германија. Добро е што, иако отсутен денеска, останува во тимов бекот Давор Шокоски. Битно е и тоа што во борбата за опстанок ќе помогне и тренерот-играч Чантурија и покрај возраста од 41 година. Можни се и нови играчи, но треба да причекаме за да се види колкава е моќта на клубот – изјави тренерот Рубин Лашкоски.
До 12 февруари во план се по два тренинга дневно, покрај неколку пријателски натпревара.