Победа одигра серија пријателски натпревари зимава (со Шкупи 2:4, Охрид 1:2, Воска 0:1 во Охрид, со Феризај 0:1 во Дојран, со Вождовац 0:1 и Лозница 0:8 во Србија),. Сите се настрана, ниту еден дома. Така, попладнево (13 ч.) е прва и единствена можност за прилепските фудбалски љубители да го видат тимот кој ќе се бори за опстанок во Првата фудбалска лига на Македонија. Гостински ривал е второлигашот Борец од Велес.
Во екипата на Победа се очекува да се појават деветтемина нови фудбалери, меѓу кои тројца се странци.