Ракомет

ДЕНЕСКА РАКОМЕТНА БИТКА ВО 15 ЧАСОТ!

Почнува пролетниот дел од ракометните првенства. Во машкиот плеј-аут од Супер лигата, во борбата за опстанок Прилеп денеска (15 ч. во салата “Ричко”) го чека Радовиш. Според табелата, Прилеп има 2 бода, а Радовиш 1, врз основа на резултатите од основниот дел. Како и за секој старт, мошне важно е да се победи и веднаш да биде јасно дека екипата на тренерите Реваз Чантурија и Рубин Лашкоски е со реални шанси за опстанок. Претходно беа подготвителните мечеви со Струга и двапати со Металург. Од играчкиот кадар ги нема голманот Стефан Христоски и пивотот Пеце Ѓорѓиески.

За овој тим на Прилеп пролетва има настап и во четвртфиналната фаза од Купот, каде според ждрепката ривали се неготински Вардар, скопските Бутел и Алкалоид.

Од категоријата

ПРИЛЕП НЕ ГО ДАВА ТРЕТОТО МЕСТО!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНКИТЕ ОД МИНУС ТРИ ДО ПЛУС ЧЕТИРИ!

Зоран Иге

НОВ ТРЕНЕР ДО ПОНЕДЕЛНИК

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе