Фудбал

ПРЕСВРТ ВО ГОЛЕМА БОРБА!

Во 13. рунда од Првата женска фудбалска лига на Македонија, дерби беше мечот во Прилеп, Деспина – Саса. Домашните одлично почнаа, со водство преку Анастасија Илиевска во 3. минута.  Гостинскиот тим, ексшампион, се мачеше да стигне до израмнување се до 31. минута. Тогаш гол даде Ана Димитровска, а четири минути подоцна за пресврт придонесе Елена Панеска. Конечниот резултат од 3:1 за Саса е поставен во 51. минута со вториот гол на Димитровска.

РЕЗУЛТАТИ, ВЧЕРА: Истатов – Ас унитед 0:1, Скопје – Борец 10:0, ДЕНЕСКА: Деспина – Саса 1:3, Речица – Тиверија, Љуботен – Кочани 10:0.

ТАБЕЛА: Љуботен 34, Саса 31, Ас унитед 25, Тиверија и Деспина 24, Скопје 22, Истатов 12, Речица 7, Шкендија 4, Борец 3, Кочани 2, Кул здравје 0.

Во следното коло Деспина е гостин на Тиверија во Струмица.

Од категоријата

(фото+видео-извештај) ПО ДЕЦЕНИИ БОРБА, ДЕНЕСКА ВЛЕГОА ВО ТРЕТА ЛИГА!

Зоран Иге

КОНСОЛИДАЦИЈА ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

ОБНОВЕН КЛУБ ПО 17 МЕСЕЦИ ПАУЗА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе