100 години фудбал во Прилеп

РЕКОРД ВО ПУБЛИКА И ВО ИСПИЕНО ПИВО И КИСЕЛА ВОДА!

Ова е наслов на текст во прилепскиот неделен весник „Народен глас“ од 18 септември 1970 година, а се однесува на дерби-натпреварот од 4. коло на Втората југословенска лига – Исток Победа – Вардар (0:2) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп пет дена претходно. Во текстот пишува:

„Прилеп на 13 септември доживеа необичен фудбалски рекорд. На стадионот се собраа околу 18 илјади гледачи. Фудбалскиот клуб Победа собра приход од 7 милиони стари динари, а според  извештајот на благајникот продадени се 14.600 билети.

Точно во 15,45 часот, кога започна натпреварот, стадионот ечеше. На гледалиштата транспаренти, сирени, штракала, музички инструменти… Овде гостувале и Црвена звезда и Динамо, но стадионот никогаш не бил толку полн, до последното место. Атмосфера во стилот на бразилската „Торцида“.

Иако времето беше ужасно топло (метеоролозите рекоа дека имало 33 над нулата), стадионот почна да се полни уште во 11 часот. Многумина од нив носеа бардиња, шишиња, термоси со вода. Меѓу гледачите на трибините се склучуваа секакви обложувања околу резултатот. Претпоставка е дека во промет за таа намена се пуштиле 5 милиони стари динари.

Прилеп тој ден беше место за паркирање автомобили од Скопје, Битола, Охрид, Струга, Кавадарци, Велес, Струмица, Пробиштип, Кичево, Крушево… По угостителските локали речиси никаде немаше место. Се проценува дека гостите таму оставиле 15 милиони стари динари. Пиво се продаде како никогаш досега, исто и безалкохолни пијалоци и кисела вода. Во понеделникот низ градот немаше да се купи ниедно шише кисела вода.“

СТРЕЛЦИ: Врбица 5, Балевски 86. ПОБЕДА: Истатов, Мечев, А. Конески, Дрвошанов, М. Николоски (Б. Ангелески), К. Мирчески, Бадрлица, Трајков, Глигороски, Ж. Ѓорѓиоски, Митрев. Тренер: Василије Шијаковиќ. ВАРДАР: Мутибариќ, Б. Димитровски, Сребров, Георгиев, Мечкаров, Анчевски, М. Спасовски (С. Мојсов), Балевски, Врбица, К. Димитровски, Николовски (И. Спасовски). Тренер: Кирил Симоновски.

Од категоријата

АНГЛИСКА ПУБЛИКА!

Зоран Иге

СИРЕНИТЕ ЗАСВИРЕА КАКО ЗА БОМБАРДИРАЊЕ – ИГРАТА ЗАСТАНА!

Зоран Иге

ПЕШКИ 30 КИЛОМЕТРИ ЗА ТОЈ ФУДБАЛ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе