Кошарка

(фото+видео+статистика)ПРИЛЕП СЛАВИ: МЕГА БАСКЕТ Е ВТОРОЛИГАШ!

Екипата Мега баскет е второлигаш. Статусот го доби по вечерашнава победа од 78:69 врз Маџари, во третиот меч, т.н. мајсторка од полуфиналето на третолигашкиот плеј-оф за влез во Втората кошаркарска лига на Македонија.

Прилепскиот тим одигра најдобро сезонава, така што и подобар ривал од Маџари ќе беше совладан пред преполната сала во ООУ „Добре Јованоски“. Домашниот тим ги доби првите три четвртини (26:14, 20:17, 15:11), па водството изнесуваше и до 20 поена разлика. Гостите ја добија последната четвртина (17:27) и затоа на крајот поскромен резултат од 78:69.

МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 16, Петрески 7Чакрески, Митрески 6, Станимировиќ 7, Крстески 17, Јаневски 8, Стојчески, Настески 13, Домлевски 4, Дејан Трајкоски, Кузманоски. Тренер: Стефан Стевананџија.

МАЏАРИ: Ивица Палевски 2, Димовски 8, Влаховиќ 9, Тасовски 19, Иван Палевски 3, Крстев 9, Величковски 2, Рајковски 6, Макревски 9, Тодоровски 2. Тренер: Перо Блажевски.

Претстои финале меѓу новите второлигаши Тетекс и Мега баскет.

Изјава на Стефан Јаневски:

 

Од категоријата

БЕЗ ПРАЗНО МЕСТО ВО ПРИЛЕПСКАТА САЛА!

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА ДЕРБИ ВО ПРИЛЕП: ПРВИОТ ПРОТИВ ВТОРИОТ!

Зоран Иге

ПОТРЕБА ОД СТОЛЧИЊА ЗАД КОШОВИТЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе