Фудбал

ДЕСПИНА НАПРЕДУВА ДО 4. МЕСТО!

Екипата на Деспина со 3:2 го совлада Истатов во Скопје, на денешниот меч од 21. коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија. Прилепскиот тим одлично почна и до 64. минута поведе со 3:0 со головите на Јана Чубриноска, Настасја Накова и Србинката Николина Батиниќ. Домашниот тим успеа да го ублажи поразот со двата гола на Кристина Петрушевска, во 73 и 82. минута. Со трите бода Деспина се искачи до 4. место од табелата, каде и ќе остане до крајот, со оглед на тоа што петтиот Ас унитед во последното коло нема настап.

РЕЗУЛТАТИ: Истатов – Деспина 2:3, Тиверија – Ас унитед 4:2, Борец – Љуботен 0:8, Шкендија – Речица 0:3, Саса – Кочани утре, Скопје слободна.

ТАБЕЛА: Љуботен 53, Саса 47, Тиверија 44Деспина 37, Ас унитед 36, Скопје 32, Истатов 21, Речица 16, Шкендија 10, Кочани 5, Борец 3, Кул здравје 0.

ПОСЛЕДНО 22. КОЛО (31 мај): Деспина – Шкендија, Скопје – Истатов, Речица – Борец, Љуботен – Саса, Кочани – Тиверија, Ас унитед слободна.

Од категоријата

В САБОТА Е ПРВИОТ СОБИР НА ПОБЕДА

Зоран Иге

СРБИТЕ ЈАВУВААТ: ПАРТИЗАНОВ БИСЕР ДОЈДЕ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

ЈОРДАНЧО: ПУБЛИКАТА Е НАШАТА ПРЕДНОСТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе