На 10 август 2000 година, во рамките од претколото од Купот на УЕФА, во Крајова се одигра првиот меч меѓу романскиот претставник Универзитатеа и македонскиот – Победа. Тој ден, во романскиот спортски дневен весник „Проспорт“ се објави најава за мечот, во која беше и карикатура под наслов „Статуи“. На карикатурата беа статуите на домашниот тренер и на најголемиот војсководач Александар. Темата беше фудбалот, но напишаното е став кон македонскиот идентитет.
„Astazi citenii antrenati de Florin Marin pentru prieteni Flocea vor da piept in Cupa UEFA ci macedonenii de la Pobeda Prilep urmasii mareiui conducaior de osti din antichitate Alexandru Macedon supranumit Alexandru cel Mare.“
„Денеска играчите од тренерот Флорин Марин, од пријателите викан Флочеа ќе се натпреваруваат во Купот на УЕФА, со Македонците од Победа Прилеп, потомците на големиот војсководец од антиката Александар Македонски со прекарот Велики.“
Победа како навистина да беше водена од Александар Македонски – во Крајова изваде 1:1, во Прилеп победи со 1:0, со двата гола на Николче Здравески и се пласира во првото коло, каде одигра со италијанскиот гигант Парма.