Фудбал

НАСКОРО КНИГАТА ЗА ЏАРО ВО ПРИЛЕП!

Какви што со децении и децении ѕвезди се пејачите Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Мирослав Илиќ, фудбалерите Драган Џајиќ, Драгослав Шекуларац, Дарко Панчев, таква ѕвезда е и Џаро (Велибор Џаровски), најпознатиот менаџер, за многумина најголемиот мешетар на балканските простори од некогашната Југославија. Токму тој, Џаро, доаѓа во Прилеп за да ја промовира автобиографската книга „Живот на коцка“, напишана од неговата ќерка Милица Џаровска. Медиумите откриваат што има во книгата. Таму е животната вистина за човекот кој сам, без поддршка од системот, ами напротив – сам против системот, успеал од дното да се искачи на највисоките врвови, да се наметне како авторитет над сите авторитети од политиката, музиката, спортот. Бројките се ненадминливи – 5000 организирани концерта и 135 лажирани натпревара. Во тоа време се највисоките резултати, за кои пренесуваа и светските агенции – од 1979 година: Градинар – Дебарца 0:88 и Илинден – Младост 134:1. При доаѓањето во Прилеп, Џаро ќе има можност да се потсети и на случките поврзани со Победа.

Датумот за промоција на книгата наскоро ќе биде одреден.

 

Од категоријата

(фото, видео, состави) ПЕХАРОТ ОД ПРИЛЕП КОН СЕНОКОС!

Зоран Иге

И ПЕТТИ ГОЛ ВО КАМЕНИЦА НА МЕЧОТ САСА – ПОБЕДА!

Зоран Иге

НОВО В ПОНЕДЕЛНИК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе