Веќе две недели трае Турнирот во мал фудбал „Црнилиште куп“. Импонира организацијата, со генерален и златен спонзор, посетеноста од многу гледачи. На почетокот беа 32 екипи, сега се 4 полуфиналисти. Во четвртфиналето: Фасада Чајник – Дрим тим 4:2, Десово градба – Ва ен травел 1:5, БФ Гипсереи – Фенербахче 2:6, Нана декор – Могила 1:1 (2:0 на пенали). Полуфиналето е утревечер (четврток), финалето в петок.
Од ова место беше екипата Ново Црнилиште, петтопласирана во Третата лига – Југ.