На денешниот пријателски фудбалски натпревар на второлигашки екипи во Неготино, домашниот Вардар со 2:0 ја совлада прилепска Победа. Стрелци на головите: Флоран Османи и Дарко Алексовски. Ова беше четвртиот пријателски меч за Вардар (по трите на гости – со Кожуф, Пелистер и Тиквеш), а третиот за Победа (по првиот дома со Новаци и на гости со Караорман).
Следните натпревари се на 5 август – Вардар во Струмица со Беласица, Победа во Прилеп со Пелистер.