Вечерва во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ се одигра пријателски меч помеѓу суперлигашите – домашниот Прилеп и битолски Еурофарм Пелистер 2. Се одигра мошне борбено пред присутните гледачи.
Гостите беа поуспешни со 30:23, полувреме 15:12 во нивна полза. Натпреварот беше можност за уигрување – испробување на тактичките варијанти во пресрет на новото првенство кое започнува на 9 септември. Двете екипи се во различни групи на турнирот „Миле Нешковски“, но постои можност пак да се сретнат во меч за конечен пласман.
За Прилеп (во кој првпат се појави десното крило Црногорецот Денис Шабановиќ), беше втор меч, по гостувањето кај Дубочица во Лесковац. В сабота е гостувањето на Тиквеш во Кавадарци.