Ракомет

(фото) ПРИЛЕП ТРЕТ, ДУБОЧИЦА ПРВА!

Заврши Осмиот меморијален меѓународен ракометен турнир „Миле Нешковски“ во Прилеп. Победник е Дубочица од Лесковац, Србија, која во финалето со убедливи 30:21 го совлада Мултиесенс од Скопје. Дубочица на овој турнир ги доби сите четири меча.

Во борбата за третото место домашниот Прилеп со 29:24 беше подобар од битолски Еурофарм Пелистер 2. За петтото место се избори финскиот Кокс преку победата од 25:22 над Струга. Седмото место е за Пролет, кој со 27:23 го совлада Скопје.

Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ покрај за трите најдобри екипи, се доделија и поединечните награди: најдобар голман – Иван Ангелески (Прилеп), стрелец – Горан Ристовиќ (Дубочица) со 33 гола, играч – Божидар Илиески (Мултиесенс), за животно дело – Тодор Арапчески (некогашен голман и тренер на Тутунски комбинат).

 

 

Од категоријата

ДОБРО И ЛОШО ПОЛУВРЕМЕ ЗА ПРИЛЕП

Зоран Иге

ПРВА РАДОСТ ЗА ПРИЛЕПСКА ДЕСПИНА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ИЛИ ПЕЛИСТЕР?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе