Попладнево (15 ч.) се играат натпреварите на 1/16 финалето од Купот на Македонија, Екипата на второлигашот Победа за противник го има третолигашот Јанг тим, на мечот кој се игра на Градскиот стадион во Струга. Прилепскиот тим постигна 2 победи, 1 реми и 2 пораза во Втората лига, а струшкиот во неделното 1. коло дома загуби со 1:5 од Кораби во Третата лига – Југозапад.
ДВОЈКИ: ЈАНГ ТИМ – ПОБЕДА, НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА, БАШКИМИ – СКОПЈЕ, АРСИМИ – ТИКВЕШ, КОЖУФ – БРЕРА, КАРБИНЦИ – ВОСКА, ОХРИД – ДЕТОНИТ, БЕЛАСИЦА – ГОСТИВАР, КОЊАРЕ – ШКУПИ, БЕСА – ВАРДАР, ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ, ВЛАЗЕРИМИ – ПЕЛИСТЕР.