Претходниов викенд беа натпреварите од 3. коло на Супер лигите за млади категории фудбалери. Интересен беше дуелот меѓу традиционалните ривали Вардар и Победа. Во Скопје, на мечот меѓу кадетските екипи, Победа победи со 3:1. Стрелци: Михаил Танчев во 55. (Вардар) – Салим Арифи во 7, 25. и 92. (Победа). ПОБЕДА: М. Николоски, Митрески (46. Иваноски), Миноски, Миновски, Шаркоски (46. Петрески), Д. Спиркоски (75. Паскоски), Горгиовски, Богевски, Арифи (94. Наскоски), Оклески (85. Ристески), Станојоски. Тренери: Кире Овезоски и Виктор Велјаноски.
Во натпреварот за помлади пионери, Победа – Вардар 0:2 (Стефан Бујароски 2), за постари пионери Победа – Вардар 0:0, за младинци Вардар – Победа 4:1 (Максим Бундалевски, Никола Учевски, Лука Јакимовски, Давор Лефковски – Ивица Трајкоски).
Следно 4. коло: Победа – Шкупи, Скопје – Брегалница, Беласица – Вардар, Тетекс – Шкендија, Македонија ЃП – Пелистер и Работнички – Брера.
Подолу се резултатите и табелите.
П О М Л А Д И П И О Н Е Р И
П О С Т А Р И П И О Н Е Р И
К А Д Е Т И
М Л А Д И Н Ц И