Во 2. коло од Втората кошаркарска лига, Соколи – Мега баскет 80:73. Во салата „Јордан Мијалков“ во Штип домашните победија најмногу благодарение на резултатот од втората четвртина. Таа ја добија со 26:14. Последната, четврта им припадна само со поен разлика, 20:19. Така, недоволно беше за прилепскиот тим што ги доби првата и третата четвртина, првата со 18:17, третата со 22:17. Ова е прв пораз на Мега баскет, по стартната победа од 121:67 дома над Куманово 2009.
СОКОЛИ: Гичев, Дуев 7, Митев 11, Мирков 11, Јовев, Трајков, Коцев 17, Стојменов 5, Шајкаров 6, Костадинов 18, Радически 5, Дончевски. Тренер: Тоше Димиќ.
МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 9, Петрески 2, Здравевски 3, Митрески 1, Гокчевски, Костоски, Јаневски 8, Крстески 38, Стојчески, Тодороски 3, Домлевски 2, Трајковски 7. Тренер: Миле Станимировиќ.
РЕЗУЛТАТИ: Соколи – Мега баскет 80:73, Куманово 2009 – Работнички 72:81, Маџари – МЗТ Уни 82:64, Тетекс – Ангели 50:77, Шкупи – Водно 81:82, Борец – МКК Куманово денеска.
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 3. КОЛО (21 октомври): Мега баскет – Маџари, Водно – Тетекс, МКК Куманово – Работнички, МЗТ уни – Шкупи, Куманово 2009 – Соколи, Ангели – Борец.