Три спортски екипи со име Тетекс вчера беа гости во Прилеп. Сите доживеаја порази. Прво на теренот со вештачка трева, во 8. коло од Супер фудбалската лига за помлади пионери, Победа – Тетекс 7:0. Веднаш потоа, во дуелот на постарите пионери, Победа – Тетекс 4:0. Вечерта, во салата на ООУ „Добре Јованоски“, во 5. рунда од Втората кошаркарска лига на Македонија, Мега баскет – Тетекс 87:79. Ова е втора есенска победа на прилепскиот тим.
РЕЗУЛТАТИ: Мега баскет – Тетекс 87:79, Куманово 2009 – Шкупи 56:101, Ангели – Работнички 91:70, Водно – МКК Куманово, Скопје уни – Борец и Соколи – Маџари денеска.
Во следното 6. коло: Борец – Мега баскет.