Фудбал

ПРИЛЕПЧАНИТЕ НИЗ ДРАМА СО ПРЕСВРТИ ВО ДЕМИР ХИСАР!

Во 6. коло од Втората футсал-лига, Конзули – Победа 3:2. Мечот, одигран во салата „Јордан Пиперката“ во Демир Хисар, беше полн со пресврти. Сета таа драма се одвиваше во второто полувреме, бидејќи во првото немаше голови, со резултат 0:0. Меѓутоа, во вториот дел домашните поведоа со 2:0, со головите на Виктор Гелевски во 24. и Темур Емини во 26.  минута. Прилепчаните возвратија преку Александар Китаноски во 30. и Бобан Ѓорчески во 37. минута. Значи – израмнување на 2:2. Понатаму се водеше битка за третиот гол, кој ќе го постигне. Тоа му успеа на домашниот играч Марјан Јовановски во 38. минута, за конечни 3:2 за Конзули.

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО: Конзули – Победа 3:2, Енхалон – Јувентус 12:2, Скопје – Университи 5:3, Мал Ајакс – Партизан Брвеница 0:1. ДЕНЕСКА: Кратово – Шкендија, Балкан – Каршијака, Кораби – Проект,

ТАБЕЛА

СЛЕДНО 7. КОЛО: Победа – Мал Ајакс, Партизан Брвеница – Енхалон, Проект – Конзули, Университи – Кораби, Каршијака – Скопје, Шкендија – Балкан, Јувентус – Кратово.

Од категоријата

ПОБЕДА НАМЕСТО ДОМАЌИН ВО ПРИЛЕП – ГОСТИН ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

(фото, видео, состави) ЧЕТВРТИ ТРИУМФ НА ПОБЕДА, „СТОТКА“ ЗА СТОМНАРОСКИ!

Зоран Иге

ЧЕТИРИ ДЕНА НАДВОР ОД ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе