Утре (сабота) од 13 часот се натпреварите од 13. коло на Втората фудбалска лига на Македонија. Екипата Победа гостува на Арсими во Тетово, во приградската населба Голема Речица. На овој дуел прилепскиот тим ќе биде посилен отколку на претходниот (дома со 1:0 го совлада Скопје), бидејќи по паузата за пет жолти картони се враќа капитенот Јорданчо Наумоски.
ДВОЈКИ 13. КОЛО (сабота во 13 ч.): Арсими – Победа, Детонит – Охрид, Кожуф – Саса, Караорман – Новаци, Вардар Н. – Беласица, Скопје – Осогово, Пелистер – Башкими, Беса – Тетекс.
ТАБЕЛА: Беса 31, Детонит 26, Пелистер 24, Охрид и Беласица 20, Кожуф, Тетекс и Башкими 17, Арсими и Новаци 16, Победа 15, Скопје и Вардар Н. 12, Осогово 11, Караорман 10, Саса 7.