Шах

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВЕЛЕСКИ ОДЛИЧНО ПОЧНА ВО БЕЛГРАД!

Во главниот град на Србија во тек е Меѓународниот шаховски турнир „Трофеј на Белград“, на кој учествува и фидемајсторот Роберт Велески од Прилеп, рангиран на 44. место, меѓу 194 шахисти. Засега одлично се држи, по првите четири кола. Загуби само од ФМ Енкар Енкбатар од Монголија, а ги победи Саво Радовановиќ и Марко Радиќ од Србија, Ема Хитарјан од Ерменија. Денеска попладне игра против Вељко Шчекиќ од Црна Гора. Турнирот завршува в недела, со одигрувањето на деветтото коло.

На „Трофејот на Белград“ е уште еден Македонец, ФМ Љубомир Хаџи-Манев од Радовиш, кој досега има еден пораз, едно реми и две победи.

Од категоријата

НА ВРВОТ ТРОЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ, А ПОД НИВ 78 ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!

Зоран Иге

СЕ СПРЕМАА ЗА РИВАЛ ОД ИТАЛИЈА, ИМ ДОЈДЕ ОД ИСЛАНД!

Зоран Иге

ПОДОБАР ОД 131 УЧЕСНИК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе