Заврши есенскиот дел од фудбалското првенство, така што тренерите и фудбалерите се на одмор. Меѓутоа, за членовите на управите дури сега претстојат значајни активности.
Прилепската јавност секогаш најмногу е свртена кон фудбаскиот второлигашот Победа, со исчекување на новостите. И тие што не се многу упатени, велат дека финансиското прашање е приоритетно и очекуваат поволни вести во врска со него. Од клубот се очекуваат информации во врска со кадарот – тренерски и играчки. Преодниот рок е од 15 јануари до 11 февруари, но многу порано од овие датуми се разговорите, преговорите и договорите.
Кој останува, кој заминува, кој доаѓа – ова се прашањата за чии одговори ќе се чека секој нареден ден.