Фудбал

(фото, состави, стрелци) ШЕСТИОТ ПЕНАЛ ОДЛУЧИ ЗА ПЕХАРОТ ВО ПРИЛЕП!

Екипата Теа Андреа/Хајв кафе (Прилеп) е победник на Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп. До пехарот и највисоката парична награда стигна со победата од 3:2 на пенали против АСП Пак (Охрид). Во основниот дел дуелот заврши нерешено, 2:2.

Беше спектакл во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, исполнета до последното место, а голем број од присутните стоејќи уживаа во убавините на овој спорт. Во финалето првото полувреме со 2:0 поведе Теа Андреа/Хајв кафе, со головите на Марјан Ристовски (играч на Силекс) и Дарко Илиески (Шкупи). Но, во вториот дел иницијативата ја презеде АСП Пак, играјќи цело време без класичен голман, со сите шест играчи во напад. Тоа донесе резултат, низ шанси и два гола –  преку Кристијан Петкоски (Света Троица Црногорци) и Никола Секулоски (Сатеска). При изведувањето на пенал-серијата, откако во првите две серии екипите постигнаа по два гола, одлучувачка беше последната, трета серија, каде прво голманот на Теа Андреа/Хајв кафе Антонио Столевски (Победа) одбрани, потоа неговиот соиграч Мартин Никовиќ (КМФ Клими)постигна гол за 3:2 и за насловот победник на турнирот.

ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ – АСП ПАК 2:2 (3:2 НА ПЕНАЛИ)

ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ: Антонио Столевски, Јорданчо Наумоски, Мартин Никовиќ, Марио Наумоски, Димитар Чоков, Давид Јошески, Дарко Анѓелески, Марјан Ристовски 1, Благоја Спиркоски, Дарко Илиески 1.

АСП ПАК: Наум Тауловски, Дејан Милошевски, Мишо Ѓорѓиовски, Никола Секулоски 1, Боге Бимбиловски, Кристијан Петкоски 1, Шенол Меди, Џихан Исмаил, Бошко Наумоски, Нико Пластиновски.

Во мечот за трето место надмоќна игра прикажа Компанија „Атанасовски“ (Скопје) со победата од 6:0 врз Бест солар/Тагас Балкан (Крушево). Стрелци: Лазар Пеев 2, Димитар Јанев 3 и Никола Спасоски.

КОМПАНИЈА „АТАНАСОВСКИ“ – БЕСТ СОЛАР/ТАГАС БАЛКАН 6:0

КОМПАНИЈА АТАНАСОВСКИ: Андреј Јаневски, Михајло Митрев, Стефан Богдановски, Александар Божинов, Лазар Пеев 2, Кристијан Ристески, Виктор Ристески, Никола Спасоски 1, Димитар Јанев 3, Бојан Јанев.

БЕСТ СОЛАР/ТАГАС БАЛКАН: Васко Петкоски, Оливер Велески, Антонио Димоски, Борче Сркески, Бојан Миланов, Бојан Мораво, Енис Фазлиовски, Онур Имеровски, Петар Симоновски, Ѓорѓи Стрезоски.

На турнирот, покрај на најдобрите четири екипи, беа доделени и поединечни награди. Најдобар голман е Антонио Столевски (Теа Андреа/Хајв кафе), стрелец Стефан Богдановски (Компанија „Атанасовски“), играч Марјан Ристовски (Теа Андреа/Хајв кафе). Наградите ги доделија: Борче Јовчески – градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски – претседател на Советот на Општина Прилеп и Филип Велески – менаџер во компанијата „Комфи ангел“.

ПРЕКИН ОД 20 МИНУТИ!

Денешната програма имаше неочекуван прекин од 20 минути. Тоа се случи на три и пол минути пред завршувањето на мечот за трето место. Имаше застој, а публиката не знаеше што точно се случува. Подоцна се разбра, неофицијално, дека имало разговори и убедувања околу тоа дали терминот во салата е резервиран за тренинг на футсал-екипата или за завршница на турнирот. На крајот се дојде до решение да се доврши програмата на турнирот. Така, пред финалето, се одигра ревијален ветерански натпревар, Победа – Пелистер 2:1. Овој меч беше посветен на трагично починатиот  Љупче Перканоски,  сопственик на компанијата „Автоконтрол“, голем поддржувач на спортот и некогашен фудбалер.

ЗАВРШНИЦА И КАЈ ПИОНЕРИТЕ

Се одиграа мечевите за конечен пласман кај две генерации.

2011

Меч за трето место: Талент БТ – Академија Еврогол 0:2

Финале: Победа – Талент маркет 0:2

2014

Меч за трето место: Тони – Пелистер 0:0 (пенали 1:0)

Финале: Академија Еврогол – Талент БТ 1:3

Од категоријата

ПРИЛЕП В САБОТА Е ФУДБАЛСКИОТ ЕПИЦЕНТАР!

Зоран Иге

НОВ ТРЕНЕР ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

СОСТАНОК ВО ПОБЕДА: БЛИСКУ Е ОДЛУКАТА ЗА НОВ ТРЕНЕР!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе