Фудбал

ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЧИ ОД СЕДИШТА ВО ПРИЛЕП!

Синоќа заврши Хуманитарниот турнир „Свети Никола“, во преполната сала од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Во сите 15 натпреварувачки дена, особено во последниве во завршницата, се виде дека овој објект е премал за да биде во него голем спортски настан, како што е турнирот во мал фудбал. Малиот фудбал иако ја носи придавката „мал“, воопшто не е мал спорт, туку спорт што го сака публиката. Секоја почит за неа, што и покрај тоа што турнирот се одржа во сала на периферијата од градот, доаѓаше и во број поголем од бројот на седиштата во таа училишна сала. Дел од посетителите во оваа сала имаат влезено само по повод малиот фудбал. Дека на Прилеп му треба поголема сала, уште еднаш се слушна од обраќањето кон гледачите на градоначалникот Борче Јовчески.

– Ова е само показател колку е Прилеп фудбалски град и, навистина, оваа прекрасна публика заслужува уште поголема сала. Вие знаете дека се бориме за, конечно, да ни биде доделена и Универзалната сала. Да видиме дали нареднава година ќе успееме да издејствуваме и таква позиција – рече, меѓу другото, Јовчески.

Турнирот во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ беше од 8 до 24 декември.

 

 

Од категоријата

(фото, состави, стрелци) СО ГОЛОТ НА КУКЕСКИ ПОБЕДА СО БОД СЕ ВРАЌА ОД СТРУМИЦА!

Зоран Иге

ПОБЕДА СТИГНА ДО ОПСТАНОК СО 104 БОДА

Зоран Иге

ЧЕТИРИ ДЕНА НАДВОР ОД ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе