Иако преодниот рок за фудбалерите почна уште од 15 јануари, нема многумина што со документи го промениле клубот, според информација на ОФС Прилеп. Досега е потврден преминот на Јорданчо Наумоски од Победа во Пелистер, а има и двајца нови во Големо Коњари – Петар Петроски (Слога Виница) и Илија Ристески (Росоман).
Сепак има уште време, бидејќи преодниот рок е до 11 февруари.