Утре (сабота) е стартот на пролетниот дел од Втората кошаркарска лига, каде, во рамките на 12. рунда прилепски Мега баскет е гостин на Куманово 2009. За успешен настап во втората фаза, прилепскиот тим одржа голем број тренинзи, одигра и пријателски натпревар. Станува збор за меѓународен дуел, со грчкиот третолигаш Флорина, во салата во Лерин. Исходот е позитивен – убедлив триумф од 14 поени разлика за Мега баскет, предводен од новиот тренер, Србинот Мико Голубовиќ.
Во врска со играчкиот кадар, во последен момент доведено е засилување – плејмејкерот Александар Јовановски од битолски Пелистер. Каков резултат ќе биде на утрешниот меч? Дали прилепскиот состав може вторпат да го совлада Куманово 2009, по есенскиот триумф дома со 121:67? И според вој резултат, а и според позициите на табелата – Мега баскет ја има улогата фаворит.
Табела: МКК Куманово 22, Маџари 20, Шкупи и МЗТ Скопје уни 19, Ангели 18, Соколи и Борец 16, Водно и Работнички 15, Мега баскет 14, Тетекс 13, Куманово 2009 – 10.