Двапати со ред се случува резултатот да е 14 разлика, кога игра Мега баскет. Во 14. рунда од Втората кошаркарска лига на Македонија, Маџари – Мега баскет 90:76. И пред една недела кога Мега баскет дома победи со штипските Соколи, соодносот беше ист, 97:83. Синоќешниот резултат во Скопје е очекуван, бидејќи Маџари е меѓу најдобрите во лигата, на второто место од табелата, со само два пораза досега.
РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО: Маџари – Мега баскет 90:76, Тетекс – Водно 76:80, Работнички – МКК Куманово вторник, Шкупи – МЗТ Уни 78:67, Соколи – Куманово 2009 вторник, Борец – Ангели денеска.
ТАБЕЛА: МКК Куманово и Маџари 26, Шкупи 25, МЗТ Уни 23, Ангели 21, Мега баскет, Борец и Водно 19, Соколи и Работнички 18, Тетекс 16, Куманово 2009 – 12.
СЛЕДНО 15. КОЛО: Мега баскет – Шкупи, Ангели – МКК Куманово, Соколи – Работнички, Водно – Борец, Куманово 2009 – Маџари, МЗТ Уни – Тетекс.